Дури 44 проценти од Германците сакаат продолжување на рестриктивните мерки и по 19 април, а 12 проценти се и за дополнително затегнување, покажува истражувањето спроведено од Институтот „YouGov“.



Од друга страна, 32 проценти се изјасниле за олабавување на мерките, а осум проценти за целосно укинување, јави германската агенција ДПА, која го нарача истражувањето.

Подготвеноста за почитување на рестриктивните мерки и натаму е голема, па 78 проценти стриктно се придржуваат до нив, 18 отсто делумно, а само два проценти воопшто не ги почитува, пренесе „Плусинфо“.