Германците порачале 40.000 дози вакцини против мајмунски сипаници

Германија се подготвува за влошување на епидемијата на мајмунски сипаници, a земјата нарача 40.000 дози вакцина Bavarian Nordic.јавува Ројтерс.



Министерот за здравство Карл Лаутербах на прес-конференција објасни дека засега се предвидува период на изолација на заразените најмалку 21 ден за да се контролира епидемијата.

Според германскиот институт за заразни болести „Роберт Кох“, во Германија досега се регистрирани пет случаи и сите се мажи.

Случаи на мајмунска сипаница веќе се потврдени во голем број земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Шпанија, Белгија, Франција, Шведска, Италија, Австралија, Германија и Канада.

Модерна тестира вакцина против мајмунски сипаници

Тоа е ретка вирусна инфекција која се пренесува меѓу луѓето. Болеста е обично блага и повеќето луѓе се опоравуваат во рок од неколку недели, но некои луѓе може да имаат компликации.

Експертите велат дека сипаницата не се смета за сексуално пренослива инфекција, туку може да се пренесе со близок контакт со заразено лице.