Германскиот министер за економија, Роберт Хабек, вели дека Германија би можела да стане помалку зависна доколку граѓаните ја намалат потрошувачката на енергија, со предлози да користат возови или велосипеди наместо да возат автомобили секогаш кога е можно.
„Секој километар што не е извозен е придонес кон намалување на зависноста од руските енергетски извори. Со тоа ја штитиме и климата“, рече Хабек во интервју за германски медиум.
Тој истакна дека постои можност за десетпроцентно намалување на индивидуалната потрошувачка на енергија, а тука можат да придонесат и самите работодавци на начин што ќе им дадат можност на вработените да работат од дома кога има услови за тоа.
„Секаде каде што е можно, може да се работи повторно од дома еден или два дена во неделата – првично на доброволна основа“, рече германскиот министер за еконимија.







