Грција ќе започне да прима странски гости годинава на 14 мај, а ако епидемиолошките податоци се поволни, за патниците „од некои пазари со голем процент на вакцинирани, сакаме да го отвориме нашиот туризам веќе во средината на април“ соопшти за германски ФАЦ министерот за туризам на Грција, Харис Теохарис.



Тој најави пет „одбранбени линии за секој странски турист:

-да има потврда дека или бил вакциниран против коронавирусот, или дека оздравел по заразување со вирусот, или дека мора да покаже негативен резултат на тест за коронавирус;

-туристите самите ќе ги тестираме туристите по пристигнувањето“;

-веднаш ќе се ставаат во карантин туристите со позитивен резултат на тестот;

-задолжителна употреба на маска или одржување на социјална дистанца, ограничувања во ресторани, автобуси, како и при туристички патувања и разгледувања“.

-сите треба да ги следат истите правила како Грците“.

Говорејќи за германски Die Welt, Теохарис рече дека летово „нема да има дискриминација на посетителите кои не биле вакцинирани. На сите луѓе ќе им биде дозволено да патуваат“ низ Грција.

Теохарис вели дека најпосакувани туристи грчкиот туризам, се Германците а веднаш потоа следат гостите од Велика Британија. Министерот рече дека „германските туристи не мора да се вакцинираат за да го поминат одморот во Грција“, но „доволен им е негативен тест за коронавирус“.

Во интервју за шпанскиот весник El Mundo, одговарајќи на прашањето за категориите посетители на кои Грција им се обраќа како приоритетни пред почетокот на летната сезона, министерот ги посочи туристите „пред сѐ од Германија и Велика Британија, додека Франција, Италија, Русија, САД и балканските земји се вторите главни пазари за нашиот туристички сектор“. (Кајгана)