Речиси 50.000 Германци живеат во Бугариј и тие претставуваат најбројна странска популација која ја одбрала оваа земја за постојано место за живеење, покажуваат податоците на бугарската Дирекцијата за миграции.
Сепак, поради слободното движење во Европа, бројката е постојано флуктуирачка, и не може да биде целосно точна, пишува „Монитор“, според кој несомнено е дека илјадници граѓани на една од најпознатите т западни дестинации во последните десетина години се населиле трајно.
Околу 6.000 странци, од кои многумина се жители на земји кои не се членки на ЕУ, секоја година земаат вакви документи во Бугарија. Меѓу нив, најголем дел се Германци кои добиваат постојан престој како студенти или поради бизнис, евтината здравствена заштита…
Добар дел се германски пензионери кои претпочитаат да живеат во Бугарија, со старосна пензија од најмалку 1.200 евра.
Бројката на постарите Германци сепак не е јасна, бидејќи дирекција „Миграција“ не ги дели по години, иако според последните извештаи околу 70 отсто од Германците населени во Бугарија се повозрасни луѓе.




