Герила пред домот на Ковачевски: Го потсетија на аферата ,,Броило” (ВИДЕО)

Во ,,Герила” акција за ,,броилото” на Ковачевски пред домот на премиерот утрово се појави банер кој го потсети на аферата ,,Броило”.



Герила акцијата ,,Сепак се врти” го таргетира премиерот Ковачевски и соларните панели, бизнис вреден неколку десетици милиони евра кои беа доделени на фирмите на неговиот кум и неговата сопруга каде порано официјално стоеше името и на самиот Ковачевски.

Во близина на домот на Ковачевски се појави ваквата герила, на платно каде има потсетување дека и во кризните времиња броилото за пари на премиерот сепак врти.