Плакати со ликот на премиерот и лидер на СДСМ се појавија на повеќе локации низ Скопје.
Ѓорче Петров, Железничка, Бихачка и под Кале во центарот на Скопје беа локациите каде се поставени банери со Ковачевски кои имаат наслов афера Броило и порака: Народ пати, Таче кеш млати.
Во пораката се спомнуваат и стихови од песната ,,Куме златен во небрано ти си фатен” кои алудираат на аферата Броило во која фирма на кумот на Ковачевски во која тој е основач добила огромни пари како помош од државата односно од владата која ја води Ковачевски.
Кој ја спровел герила акцијата не е јавно објавено.
Фото галерија
















