Герила акција на „предвесниците на бурата“ (ФОТО)

Студентите од Институтот за историја при Филозофскиот факултет организираа герила акција пред Министерството за образование и наука против реформите во образованието, барајќи да се повлече новиот концепт на МОН. Учесниците на протестот се пожалија и дека немаше јавна дебата за ова прашање, иако таа беше најавена.