Форумите на млади на Алијанса за Албанците и Алтернатива денеска во Тетово организираа герила акција со наслов: Срамот не е Анонимус – тој има име: „Доктор Хонорис Кауза”.
“Бидејќи денеска, претседателот на една партија од власта одлучил да ја киднапира титулата „Доктор Хонорис Кауза„ од Тетовскиот Универзитет, ние сме тука точно пред Тетовскиот Универзитет „Фадил Сулејмани”, за да ја откриеме сензационалната академска активност, општествениот придонес и експерименталното дејствување на човекот кој сам одлучил да се самонагради со овој наслов”, изјавија претставници на опозициските Алијанса за Албанците и Алтернатива додека во Тетовскиот универзитет Ахмети ја примаше почесната титула.
Герилците во експозето што беше објавено на настанот откриваат дел од академската работа и тоа што овој човек ќе им го остави на следните генерации:
“Стратегија за преместување на младите во егзил без насилство и репресија“, како и најпродаваната книга „Да достигнеме до 700 илјади мајки за 1 секунда“.
“Освен овие академски работи кои се веќе многу познати, ние одлучивме да откриеме и некои од неговите експерименти кои се развиени од човекот кој ќе биде прогласен за „Доктор Хонорис Кауза„ како „Експериментот во Диво Насеље„ и „Монструм„, резултат на што десетина Албанци денеска се во затворите на ова држава”, се вели во реакцијата на изборот на Ахмети за почесен доктор на Универзитетот во Тетово.
“Почитувани граѓани, поделувањето на наградата „Доктор Хонорис Кауза„, претседателот на Демократска Унија за Интеграција, земајќи во предвид ова негова активност која ја гледате и која ја знае секој Албанец, на демонстративен начин го покажува нивото на ова партија која гази низ вредностите на ова институција како највисока образовна институција кај Албанците.
Универзитет на Тетово, е изграден со крвта и плодот на Албанците, а не со политизација и партизација која се случува и се користи од ова партија врз нив. На ваков начин ги превртувате коските на Абдулселам Емини но и на Фадил Сулејмани, како луѓе кои дале многу за создавањето на овој Универзитет. Затоа ние денеска прашуваме што ќе кажаше Фадил Сулејмани, да беше жив денеска, за ова газење на вредности што му се случува на овој универзитет за кој се залагаше многу?
Ние како млади знаеме дека историјата ќе суди за овие срамни работи кои ги прават овие луѓе, но сакаме да сведочиме дека во ова време има Албанци кои мислат поинаку, и затоа сме тука да кажеме дека Универзитетот на Тетово не е на Али Ахмети или на Вулнет Ахмети. Кога ние ќе бидеме на власт ќе го вратиме достоинството и вредноста кој го заслужува Универзитетот на Тетово како идентитет на Албанците во ова држава.
Како и да е, од денеска срамот не е „анонимус„ туку има наслов „Доктор Хонорис Кауза” на Универзитет на Тетово”, пишува во реакцијата.
Првата американска заложничка драма се случила во Македонија
Во продажба книгата за Американката што дошла да бара верници а самата станала “комитски верник”





