Под притисок на домашната и европската јавност, поранешниот германски канцелар Герхард Шредер кој моментно претседава со бордот директори на „Роснефт“ најави дека ја напушта компанијата.
Од Роснефт соопштија дека ја разбираат оваа одлука.
Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер (1998-2005) е претседател на бордот на директори на Роснефт од 2017 година.Тој, исто така, претседава со комитетот на акционери на Nord Stream AG и одборот на директори на Nord Stream 2 AG.
Европскиот парламент во четвртокот усвои резолуција со која се повикува ЕУ да воведе санкции против Шредер…
Канцеларија на поранешниот германски канцелар Герхард Шредер ќе биде затворена, а неговиот персонал ќе биде прераспореден, поради зголемената загриженост во Германија поради одбивањето на поранешниот германски канцелар да се дистанцира од рускиот претседател Владимир Путин, пишува Ројтерс.
Според законот, сите поранешни германски федерални канцелари добиваат канцеларија финансирана од државата кога ќе ја напуштат владата, но трите партии кои ја сочинуваат сегашната коалиција на актуелниот канцелар Олаф Шолц се согласија на парламентарен предлог за затворање на канцеларијата на Шредер.
Германските медиуми објавија дека 78-годишниот Шредер заработува повеќе пари од работа во руски државни енергетски компании од 400-те илјади евра што германската држава ги троши за неговата канцеларија.






