„Гересхајмер“ ја стартува најголемата поединечна инвестиција во слободните економски зони

Германскиот производствен гигант „Гересхајмер“ ја позиционира Македонија високо на производствената мапа во фармацевтската индустрија. По една година од најавата, стартува големата инвестиција за нова, втора фабрика во слободните економски зони, во која „Гересхајмер“ ќе произведува комплетни шприцеви за потребите на водечките фармацевтски компании.



Потпретседателот на германскиот гигант, Оливер Бургел, во разговор за Дојче веле ги открива плановите на „Гересхајмер“. Новата фабрика во Македонија ќе биде исклучително високо софистицирана и една од клучните во производствената стратегија на концернот:

„Новата инвестиција, која сега ќе стане оперативна и за која бордот на компанијата донесе одлука, е во износ од 100 милиони евра и се однесува на производство на комплетни шприцеви за вакцини за големите фармацевтски концерни како ‘Санофи’, ‘Новонордиск’ и други фармацевтски компании. Оваа нова фабрика ќе игра клучна улога во нашата глобална стратегија, заедно со фабриката која ја имаме во Бунде, во Германија. Со реализацијата на овој проект ќе бидеме способни да одговориме на сите побарувања на нашите клиенти во Европа“, вели Оливер Бургел.

Линк до целиот текст.