ГЕРБ на консултации кај Радев за формирање идна бугарска влада

Бугарскиот претседател Румен Радев ја одржа првата консултативна средба со коалицијата ГЕРБ-СДС за формирање влада во рамките на 48-то Народно собрание.
Тој им ја честиташе победата на ГЕРБ на последните предвремени парламентарни избори на 2 октомври.



Претседателот побарал ГЕРБ да ја сподели својата проценка за веројатноста за формирање влада и со кого, во која фаза и дијалог се преговорите на контакт групата со другите политички сили. Радев прашал и како ГЕРБ замислува планот за формирање на малцинска влада.

Тој ги праша претставниците на ГЕРБ како гледаат на приоритетите на земјата со оглед на усвојувањето на законите, односот на ГЕРБ кон буџетот, антикризните мерки…

Радев праша и како ГЕРБ ќе реагира на предлогот на Советот на министри за испраќање оружје и воена опрема во Украина, како тоа ќе се случи.

Десислава Атанасова, шефица на пратеничката група на ГЕРБ во парламентот ја истакна определбата на нивната пратеничка група да ги прекине експериментите со државата, а во администрацијата да има луѓе кои знаат да решаваат кризи. Њуз.бг