Најновата анкета на „Алфа Рисрч“, спроведена во периодот 25 јуни – 1 јули меѓу 1017 полнолетни граѓани покажува дека опозициската ГЕРБ на екс-премиерот Бојко Борисов останува прва политичка сила со 21,5 отсто од анкетираните.
Со многу мал процент, следува „Продолжуваме со промената“, на досегашниот премиер Кирил Петков иако партијата го зголемила рејтингот на 20,2%.
Доколку сега се одржат избори, а изборот на влада на Асен Василев од „Продолжуваме со промената“, 7 партии ќе влезат во парламентот.
Но не и „Има таков народ“ на шоуменот Слави Петков, која има само 3,3% поддршка, далеку под потребните 5 проценти.







