ГЕРБ на Борисов најпопуларна пред парламентарните избори во Бугарија

Ова го покажува Најновото истражување на Галуп интрнешнел покажува сериозна предност за ГЕРБ на претстојните парламентарни избори на 14 ноември.



Доколку изборите беа на крајот на октомври, 24,2% ќе гласаа за ГЕРБ.

На второ место е БСП со 15,7%, а на трето место е „Продолжуваме со промената“ со 13,7%.

По нив следуваат „Има таков народ“ 11,3%, ДПС – 11,1%, и Демократска Бугарија – 9,8%.

„Вазраждане“ останува под бариерата од 4 отсто за влез во Народното собрание со 3,3 отсто, „Стани. БГ! со 3,1% и ВМРО со 2,3%.

Доколку претседателските избори се одржеа во последната недела од октомври, Румен Радев би го поддржале 47,6 отсто од гласачите, Анастас Герџиков 25,1 отсто, а Мустафа Карадаи 8,5 отсто.

Парламентарните и претседателските избори ќе се одржат следната недела на 14 ноември.