Пратеникот на партијата на Бојко Борисов, Радомир Чолаков, инсистира на оставка од министерот за внатрешни работи Бојко Рашков по ПР акцијата за апсење на поранешниот премиер Бојко Борисов.



Лудост е Борисов да биде доведен како обвинет, а Обвинителството се изјасни дека апсењата на Борисов, Горанов и Арнаудова се целосно незаконски, зјави пратеникот.

Тој вети дека ќе го преведе распитот на премиерот Кирил Петков и ќе и го испрати на Лаура Ковеши (Обвинителката на ЕУ) да ја види неговата некомпетентност.

Според Радомир причините за ова што се случува е „одмаздата на Васил Божков“ против кого „тргнала владата на Борисов“, а Обвинителството со обвинувања против Божков и зададе удар на корупцијата во Бугарија.

Петков: Обвинителството ја саботира истрагата против Борисов

Вчерашниот чин на обвинителството е крајно совршен – нема докази. Нема обвинител кој може да го стави Борисов во притвор 72 часа без докази, рече Чолаков.

Тој очекува Бојко Рашков да поднесе оставка поради неуспешниот кризен ПР со апсењето на Бојко Борисов, а Кирил Петков станува опасен за секој од нас и за нашата национална безбедност. Време е оваа власт да си оди, инсистира Чолаков.