„На погрешна адреса е испратено барањето. Ќосето нема никаква врска со Општина Центар ниту пак е лик од локално значење и оттаму, ова прашање не може да се третира на општинско ниво“, вели градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во врска со барањето на скопската градоначалничка да се дозволи враќање на споменикот на Андон Лазов-Ќосето на просторот пред судовите.



„Град Скопје треба да се обрати до Собранието – вели градоначалникот.

„Што се однесува до самиот споменик, во минатото институциите утврдија бројни законски прекршувања при поставувањето на истиот, меѓу кои и Законот за поставување на спомен обележја.

Верувам дека институциите во однос на овој случај ќе постапат целосно според законот, бидејќи во минатото истиот предизвика многу контроверзии“, вели градоначалникот на Општина Центар.