„Од времето кога за официјален јазик ја утврдија северноисточната норма на бугарскиот јазик па до денес секоја генерација на бугарски политичари успева да ја донесе најпогрешна одлука во поглед на Македонија.

Ветото само ќе биде континуитет на таквата катастрофална политика“, порача на Фејсбук, поранешниот премиер, Љупчо Георгиевски.
Тој минатиот месец беше во „олеснувачка“ мисија вцо Софија поврзана токму со почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ и бугарските блокади.
За омразата кон Бугарија , Георгиевски тогаш обвини некаква „длабока држава“ во Македонија.






