Дејан Георгиевски освои сребро на Олимписките игри во Токио и ова е првиот олимписки медал за Македонија по пауза од 21 година.
Георгиевски се закити со сребро откако во финалето изгуби со 15:9 од Русинот Владислав Ларин, најдоброрангираниот натпреварувач на турнирот.
На патот до финалето Георгиевски успеа да ги елиминира Кубанецот, Рафел Алба Кастиљо, Сејду Гнабе од Брегот на Слоновата коска и во полуфиналето беше поуспешен од Дон Кјо Ин од Јужна Кореа.
Кастиљо и Ин на крајот ги освоија бронзените трофеи.







