„Ставот на бугарската влада во однос на Република Македонија, истовремено го чува националното достоинство и ја помага земјата со која имаме договор за соработка и добрососедство“, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев, по вчерашните критики од претседателот Румен Радев дека владата не реагирала „како што треба“ на изјавите на македонскиот премиер Зоран Заев дека Илинденското востание е “македонско”.
Георгиев вели дека „реакцијата на премиерот Заев беше навремена. Тој го дообјасни тоа што го имал предвид. Навистина не му доликува на шефот на државата (…) да упатува критики кон бугарската влада за начинот на кој ја води политиката спрема Република Македонија“.
По спорната изјава за Илинденското востание македонскиот премиер Зоран Заев увери дека заедничките прослави на „нашето минато ќе продолжат и врз основа на тоа минато ќе продолжиме да ја градиме нашата заедничка иднина“.




