Ми изгледа дека премиерот Заев сепак има генијален политички усет, сенс или како и да се нарекува таа природна дарба.
Намести вмровски кадар да ги решава наталожените проблеми во сите можни сектори.
И што се случи? Димитров со Договорите, се во корист на наша штета, ја упропасти дипломатијата.
Стојанче Генералот што фати тоа уништи. Филипче пандемијата ја подигна на повисоко, би рекол македонско, недофатливо ниво.
Дончев украде се што успеа да види. Љубчо не украде ништо и не упропасти ништо бидејќи е лево сметало ама се фотографира за споменари во групата поддржувачи и на некој начин стана симбол на потопот.
Ване, кој страда и гори во љубовен пожар со Дунавка, се уште се обидува да дознае што точно работи.
Братот Љубе инвестиции ќе донесе можеби во ресторантот во Хрватска ама овде тешко.
Нола координира ЕУ интеграциии…мало молчење после овој чудесен избор и затворен цитат.
И што од сето ова?
Па кога ќе дојде моментот да се излезе пред гласачите со успесите на власта, премиерот само треба да рече дека вмровските кадри намерно ништо не сработиле или вршеле разни подметнувања за да се дискредитира владата и затоа на наредните избори нека му ја дадат пак довербата граѓаните, ама овојпат ќе им понуди вистински, проверен сдсмовски кадар.
Така речи генијално!






