Двата најголеми работнички синдикати во земјата, кои претставуваат околу 2,5 милиони работници од јавниот и приватниот сектор, денеска свикаа генерален штрајк кој се очекува да кулминира со протест во центарот на Атина.



Еднодневниот национален штрајк е поради, како што велат, „продлабочената криза“ на растот на цените и намалените приходи.

Грција, која излезе од една деценија финансиска криза во 2018 година, за време на пандемијата на коронавирус претрпе огромна штета на во витална туристичка индустрија.

Сега, зголемените цени на енергијата, влошени со санкциите против Русија од нејзината инвазија на Украина во февруари, дополнително „удрија“ по џебовите на работниците.

„Во последните 14 години, работниците го носат товарот на длабоката криза што влијаеше на приходите и животите на сите“, велат од GSEE, синдикат на приватниот сектор во земјата.

„Како што одминуваат годините, кризата постојано се продлабочува, оптоварувањата остануваат, нашите права се намалуваат“.

Годишната инфлација во Грција се искачи на највисоко ниво во последните 25 години од 7,2% во февруари, како резултат на зголемените трошоци за енергија, домување и транспорт.

Владата потроши околу 3,7 милијарди евра од септември за да го олесни товарот од зголемените трошоци за енергија и гориво за земјоделците, домаќинствата и бизнисите.

За работниците кои штрајкуваат мерките не одат доволно далеку.

ГСЕЕ во март објави дека предложила зголемување од 13 отсто на месечната бруто минимална плата на 751 евро поради зголемената инфлација…