Романија не е подготвена за потенцијална војна со Русија и мора да се подготви, рече шефот на одбраната на земјата, генерал Георгика Влад, цитиран од Политико.
Генералот Влад во интервју вчера изјави:
„Да, населението на Романија, како и целото население на Европската унија, на Европа, треба да биде загрижено“ … Доколку (Русија) победи во Украина, главната цел ќе биде Република Молдавија.
Ќе бидеме сведоци на тензија во Западен Балкан“, додаде романскиот генерал.
„Повеќе од убеден сум дека политиката на претседателот Путин ќе ескалира во блиска иднина.
Влад се залага за доброволна основна воена обука за мажи и жени до 35-годишна возраст.





