Пандемијата на коронавирус доведе до најголемо нарушување на образованието во историјата со затворени училишта во повеќе од 160 земји во средината на јули, со што се погодени повеќе од милијарда ученици, соопшти Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш
Покрај тоа, Гутереш рече дека најмалку 40 милиони деца во светот ја пропуштиле „својата критична предучилишна година“.
Како последица на тоа, тој предупреди дека светот се соочува со „генерациска катастрофа што може да доведе до губење на незамислив човечки потенцијал, да поткопа децениски напредок и да ги влоши вкоренетите нееднаквости“.
„Се наоѓаме во одлучувачки момент за децата и младите од овој свет, рече Гутереш во видео пораката по повод почнувањето на кампањата на ОН наречена „Да ја спасиме нашата иднина“.





