Бугарите треба да бидат вклучени во Уставот на РСМ. Ова е условот што доколку се исполни, ќе почнат вистинските преговори на РСМ со ЕУ, појасни министерката за надворешни на Бугарија Теодора Генчовска.



Ова е различно од толкувањето на македонскиот министер Бујар Османи според кој по утрешната меѓувладина конфереренција со ЕУ во Брисел, почнуваат „да се бројат дновите до членство во ЕУ“.

Османи: Почнуваат преговоритѕе со ЕУ

„ Сега зависи од македонската страна и од нивната политичка волја кога и колку ќе трае овој процес. Во нивен најдобар интерес е да се заврши што е можно побрзо“, рече таа, пренесуваат бугарски медиуми.

При одредувањето датум за првата меѓувладина конференција од страна на чешкото претседателство, РСМ ќе има таканаречена политичка меѓувладина конференција.

Потоа мора да започне, доколку има неопходна политичка волја, процедура за промена на Уставот на државата со цел Бугарите да се вклучат во Уставот. Откако ќе заврши овој процес, ќе има втора вистинска меѓувладина конференција, по што ќе започне вистинскиот преговарачки процес.

Овој период зависи од надлежните во РСМ. Тоа може да биде 3 месеци, како што беше случајот со промената на името на државата, може да трае и две години“, рече Генчовска.