Бугарија ќе продолжи да го поддржува „легитимното барање Бугарите во Македонија да бидат вклучени еднакво со сите останати народи, во нејзиниот Устав”, вели бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска, пренесе дописникот на МИА од Софија.
Изјавата за БНР е дадена во пресрет на денешниот состанок на експертско ниво, меѓу министерствата за надворешни работи на Северна Македонија и на Бугарија, што ќе се одржи денеска во Софија, согласно договорената динамика на билатерални преговори за т.н. пакет на политички прашања.
Еден од главните приоритети, вели таа, е да биде постигнат напредок во работата на Заедничката комисија за историски и образовни прашања, за изготвување календар за заедничко чествување на личностите од, како што тврди, „заедничката историја, за кои веќе е постигната согласност”.
„Ќе бараме и да започне процес за осовременување на наставните програми во Република с. Македонија“, рече шефицата на бугарската дипломатија за бугарското радио БНР.






