Грчкиот парламент усвои закон со кој на парови од ист пол кои живеат во граѓанска заедница им се дава право да негуваат деца, но не и да посвојуваат.
Од вкупно 264 пратеници присутни во парламентот, 161 вчера гласаа за законот, а 103 беа против.
„Членот 8 од нацрт-законот за усвојување и негување, кој им дава можност на двојките од ист пол кои живеат во граѓанско партнерство да станат згрижувачки партнери“ беше донесен јавија грчки медиуми.
Главната опозициска партија Нова демократија сепак имаше забелешки зошто владата не предложила законс за легализација на брачна заедница и право на посвојување деца од геј парови.




