Поранешниот градоначалник на Саут Бенд, Пит Бутиџиџ, се повлече од трката за кандидат на демократската партија на претстојните претседателски избори во САД.
Тој влезе во трката како релативно непознат политичар за, по неочекуваниот успех, да се позиционира како иднина на партијата, објави Гласот на Америка.
Тој е воен ветеран од Авганистан и прв хомосексуалец кандидат за претседател во САД кој отворено зборува за неговата сексуалност.
Повлекувањето на Бутиџиџ би можело да му помогне на Џо Бајден на претстојните партиски избори во 14 држави, на ткн. супер вторник.





