ГЕ: Ахмети пред оставка, познат еден од можните наследници

По поканата да сведочи во Хаг, постојат сомневања дека Али Ахмети може да си даде оставка од позицијата претседател на ДУИ, бидејќи процесот на сведочење и интервју од страна на обвинителите на специјализираните комори ќе биде долг, со што случајот го оневозможува Ахмети да ги извршува своите должности како претседател на партијата, пишува приштинска „Газета експрес“.



Ахмети се очекува да отпатува за Хаг на крајот од овој месец, додека нешто конкретно во врска со неговата оставка се очекува да се случи во текот на септември.

Органите на партијата според весникот очигледно не се подготвени за оваа ситуација и не размислуваат да назначат наследник на функцијата претседател на партијата затоа што во ДУИ се смета дека фигурата на Али Ахмети е обединувачка и се згаснува секој обид за нарушување на оваа позиција.

Неофицијални извори за весникот зборуваат и за името на Артан Груби, кој може да биде е В.Д. претседател на ДУИ до следниот партиски конгрес.

Груби според ГЕ доаѓа од позицијата прв вицепремиер на државата, што во случајов е највисоката позиција што ја има Албанец во Македонија.

Артан Груби не открива дали на средбата со Сашо Мијалков разговарале и на оваа тема.

Несудениот заменик на Заев на средба со Мијалков во “Мериот”