Додатни количевства гас побара владата на премиерот Виктор Орбан за да ги реши проблемите со снабдувањето со енергија во текот на зимата, изјави претставник на Министерството за надворешни работи во Будимпешта, пишува Блумберг.
Од вчера, „Газпром“ го зголеми протокот кон Унгарија за 2,6 милиони кубни метри дневно до крајот на август користејќи го гасоводот „Турски тек“ што минува низ Балканот, рече државниот секретар на Министерството за надворешни работи Тамаш Менчер во објава на Фејсбук во саботата.
Унгарија бара 700 милиони кубни метри дополнителен природен гас над износите наведени во повеќегодишниот договор на земјата со „Газпром“, со цел да ги зголеми резервите.







