Бизнисмените не се согласуваат работниците да бидат само шест месеци на определено работно време, туку подолг период, со образложение дека толку краток период нема никаде во регионот.
Од Стопанската комора на Македонија испратија барање собранискиот спикер Талат Џафери, законодавниот дом да не ги усвои предложените измени и дополнувања на Законот за работни односи кои, меѓу другото, предвидуваат намалување на времето работникот да биде пријавен на определено работно време, како и исплатата на месечната плата да не биде задолжителна до 15-ти во месецот, туку до петти, дознава порталот Денар.
„Вакво или слично решение како предложеното, не може да се сретне ниту во земјите во регионот (на пример во Србија договорот на определено време може да трае до 24 месеци, во Хрватска до 3 години итн), ниту пак пошироко во Европа“ велат од Комората.
Од Сојузот на синдикати на Македонија за Денар велат дека дел од работодавачите треба да престанат работниците да ги гледаат само како машини кои им носат профит….






