Управата за јавни приходи утврди злоупотреби кај речиси 4.500 работодавачи, кои за април и мај го оштетиле буџетот за речиси 2 милиони евра откако земале финансиска помош од државата, но не им исплатиле плати на вработените или им дале помалку .
„Работодавачите кои користеле финансиска поддршка, а не извршиле исплата на плата доставени им се опомени за неисплатена плата и доколку не извршат исплата во определениот рок, ќе следи спроведување на постапка на присилна наплата на платата“, изјави Сања Лукаревска, директорка на УЈП.
Според, Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување во ваков случај предвидува изрекување на глоба за сторен прекршок, а работодавачот ќе биде задолжен да ги врати добиените финансиски средства во целост, заедно со камата, во спроведена постапка на УЈП во соработка со Државниот инспекторат за труд“.
Најмногу злоупотреби имало од работодавачи во Скопје, Тетово, Струга, Гостивар и Куманово.
Нивните имиња ќе бидат јавно објавени, ако не им ги исплатат парите.





