Игор Трајковски, сопственик на агрегаторот за вести Time.mk (Тајм.мк) коментира на пост на адвокатот Тортевски кој дава правна основа за прекин на преговорите со ЕУ.
Трајковски смета дека ако тоа се случи тогаш владата наместо демагогија ќе мора да почне да дава конкретни резултати во реалниот живот.
,,Ако ги прекинат, после со што ќе се занимаваат? Со што ќе мерат успеси ? Ќе треба да се занимаваат со инфраструктура, корупција, образование, здравство … не е фенси тоа. Вака млати си слама, едно зборче две зборчиња, овој ми крив тој ни е крив, не ова лето, следната зима …”, смета Трајковски.
Сопственикот на time.mk минатата година го исфрли порталот expres.mk од својот агрегатор на вести и се уште не го враќа на листата на медиуми но expres.mk сепак ги објавува неговите ставови кога се работи за јавен интерес.
И без TIME.mk expres.mk со 33 милиони читања минатата година и со раст од 10 проценти е еден од најчитаните и највлијателните портали во Македонија.
Од што се плаши Трајковски да го врати expres.mk на time.mk: Од Илинденска, Бихаќка или од трета причина.
Ако ги прекинат, после со што ќе се занимаваат ? Со што ќе мерат успеси ? Ќе треба да се занимаваат со инфраструктура, корупција, образование, здравство … не е фенси тоа. Вака млати си слама, едно зборче две зборчиња, овој ми крив тој ни е крив, не ова лето, следната зима …
— Igor Trajkovski (@mkrobot) June 25, 2022




