Меѓу двете компании кои доставија понуди на тендерот за избор на фирма која ќе ги руши дивоградбите во Охрид е и фирмата на Фирма на советникот на Општина Охрид и сопственик на нелегалната пицерија кај чинарот е една од двете кои конкурираа на тендер за уривање дивоградби во Охрид.
Нефи Усеини, за тв24 потврди дека учествува на тендерот со неговата фирма Нефи ИК. Денеска во општината Охрид беа отворени понудите на тендерот..
Компанијата Нефи ИК е основана во јануари 2010 година. Минатата година имала нето добивка од 305 илјади евра, а во 2017 година истата компанија имала добивка од 18,8 илјади евра. Тоа значи дека Усеини за една година имал зголемување на добивката за 1,520 проценти. Компанијата на советникот Усеини – изминатите години активно соработувала со охридските и струшките јавни претпријатија, за што има инкасирано неколку стотици илјади евра.
Годинава во мај, Нефи ИК склучила договор со Охридски Комуналец, вреден 47 илјади евра а кој се однесува за одржување на депонијата Буково.
Минатата година, пак има склучено договори со Градските гробишта во Охрид со Охридски Комуналец,. Претеходно истата фирма склучувала и договори со општина Струга за одржување на депонијата од околу 80 илјади евра.




