Газда на козарска фарма од Видовиште сака да се запознае со ,,прекрасната принцеза” амбасадорката Агелер (ФОТО)

Сопственикот на козарската фарма ,,Хајди” од селото Видовиште Венцо Ангелов го искористи постот на премиерот Ковачевски кој објави слики од состанок со американската амбасадорка во Скопје за јавно да побара средба со неа.



Ангелов кој е мал бизнисмен од млечната индустрија ветува незаборавен крај на средбата со амбасадорката.

Амбасадорката Анџела Агелер е позната како љубител на добра храна која често се слика во рурални средини низ Македонија промовирајќи ги македонските специјалитети.

Ангелов се надева дека Агелер ќе го види неговиот телефонски број и ќе му се јави за една средба со него во Видовиште.

,,Сакам да имам средба со таа прекрасна принцеза Анџела Агелери, би ја замолил и доколку го прочита ова, ќе оставам мој број за контакт, за да стапиме во контакт. Со самото запознавање ќе има многу добар почеток и успешен, незаборавен крај, поздрав од козарската фарма ,,Хајди” Видовиште”, објави Ангелов кому многу би му значела средба со дипломат од рангот на Агелер за промоција на неговите производи.

Евентуална средба на Агелер со Ангелов ќе значи и симболична поддршка за малите бизнисмени од дипломатите.

Целиот пост на Ковачевски со коментарот на Ангелов на овој ЛИНК