Мехмет Јашар Чошкун, сопственик на луксузен станбен комплекс уништен од земјотресот во Турција, бил приведен на аеродромот во Истанбул, додека се обидувал да ја напушти земјата.



Станува збор за комплексот Renaissance Residence во провинцијата Хатај во југоисточна Турција.

Чошкун газда на комплексот Renaissance Residence, бил запрен на аеродром, по обидот да избага и да отпатува за Црна Гора, јави турската агенција Анадолија.

Комплексот со 250 апартмани целосно се урна по земјотресот со јачина од 7,8 степени, што во понеделникот наутро.

Се проценува дека во урнатините на комплексот се затрупани 800 луѓе.

Во четвртокот, турскиот министер за правда Бекир Боздаг објави дека е покрената судска истрага за урнатите згради за време на земјотресот.

Ќе се бара одговорност од оние кои ги изградиле зградите во во 10-те најпогодени провинции или сноселе каква било одговорност за нивното уривање.