Газда на хотел кој се наоѓа во ГТЦ е лицето што синоќа го демолираше зелениот покрив на Градскиот трговски центар, е дознава порталот СакамДаКажам повикувајќи се на вработени кои го препознале.



„Хотелот веќе неколку месеци не работи, па сакаше да го пренамени во угостителски објект и дел од зелената градина да му биде летна тераса. Нормално дека не му дозволивме бидејќи овој дел од ГТЦ го правиме за сите граѓани, како место за рекреација и слободен влез за секого“, велат вработени во трговскиот центар.

Снимките од безбедносните камери ќе се предадат на Министерството за внатрешни работи.

Од Град Скопје велат дека и покрај уништувањето на дел од инсталациите, градежните работи ќе продолжат и скопјани есенва ќе добијат зелен покрив на трговскиот центар.

Во февруари годинава почна со изградба на зелиот покрив на кој треба да бидат зазеленити 1.800 квадратни метри… Ќе бидат засадени 29 висококвалитетни дрвја и повеќе од 30 други видови садници, неколку водени зони во форма на фонтани и базени, монтажна бина, партерно шаховско поле, кафуле, како и модерна урбана опрема од клупи, корпи за отпадоци и паркинзи за велосипеди.

https://www.facebook.com/petreshilegov/posts/2979591922265386