Рускиот државен енергетски гигант „Гаспром“ со песна од советската ера во адаптирана верзија во својата нова реклама најавува што ја чека ЕУ во наредните месеци, а видеото прикажува затворањето на руските гасоводи и европските престолнини додека се спушта „злобната зима“.
А, зимата ќе биде голема, еве, погледнете, преку реката. Есента полека умира и отпоздравува со жолтата рака“, се вели во песната која завршува со предвидувањето дека зимата ќе ја следи „само темнина и снег“.
Видеото покажува затворање на гасоводи, снимки од европските престолнини, ветерни и соларни електрани, исклучување на гас во производството и домаќинствата и доаѓањето на суровата зима над стариот континент. Видеото е придружено со песната (A zima budet bolshaya), напишана од советскиот писател Јуриј Визбор.







