Руската компанија „Гаспром“ соопшти дека во првата половина од март го зголемила извозот на гас во девет земји од Европа.
Од 1 до 15 март во споредба со минатата година извозот во Хрватска е зголемен за 110,9 проценти, во Полска за 71,8 отсто, во Италија за 51,7 отсто, во Грција за 34,6 отсто, во Бугарија за 24,4 отсто. Во Турција, пак, зголемувањето на извозот е за 21,1 отсто.
Во првите 15 дена од март во однос на истиот период од февруари годинава „Гаспром“ остварил зголемен извоз на гас и во подалечните држави, и тоа за 15,6 проценти, а во однос на првата половина од јануари растот е за 38,9 отсто.
Транзитот на руски гас преку украинска територија од крајот на февруари се одржува на максималните вредности според договорните обврски на „Гаспром“, а директните испораки се обновени од последните денови на минатиот месец преку гасоводот „Јамал-Европа“ што минува низ Белорусија и Полска до Германија.






