Гасот во Европа поскапе за 35%

Природниот гас во Еврпа веќе надминува 1.450 долари за 1.000 кубни метри, поскапување за повеќе од 35% ,покажуваат најновите податоци на лондонската берза ICE.



Вредноста на гасот на TTF hub-от во Холандија се искачи на 1.454 долари за 1.000 кубни метри, или 126 евра за MWh.

Медведев: Европа ќе плаќа 2.000 евра за гас

Цените на синото гориво се зголемија откако рускиот претседател Владимир Путин ја нападна Украина, а како одговор, Европската унија, САД и Велика Британија воведоа остри санкции.