Лидерот на Алтернатива во денешното остување во Утрински брифинг изјави дека по трагедии, како онаа во Тетво во која загинаа 14 лица, мора да се води сметка за моралната компонента и дека мора да постои одговорност.
„Мислам дека треба да има одговорност. Нашиот став е дека тоа е голема трагедија и да не остануваме како држава во вакви случаи да нема одговорност. Потребно е да ја лоцираме одговорноста, вели Гаши и додава дека најмалку што Заев треба да направи е да ја прифати оставката на Филипче, рече Африм Гаши.
Кога доаѓа до вакви ситуации мислиме дека не треба да очекуваме некој да прифати или да се принуди да даде оставка. За жал политичката култура кај нас не е на потребното ниво. 30 години откако сме независна држава, ни се случија милион работи и никогаш не сме виделе одговорност, смета Гаши.
Политичарите треба да даваат оставка од морални причини, но нам ни недостасува практичната компонента – лоцирањето на точната одговорност. Во овој дел многу потфрламе, рече Гаши во Утрински брифинг за трагедијата во модуларната ковид болница во Тетово.






