Гаши прашува зошто Заев и Ахмети ја раскинале врската со Борисов

Лидерот на опозициската партија, Алтернатива Африм Гаши бара одговорност од владејачката коалиција СДСМ-ДУИ зошто не се почитува договорот од 2017 година со Бугарија.



Од Алтернатива обвинуваат дека поради партиски интереси се загрозува стратешката цел на земјава, а цената ја плаќаат сите граѓани.

Африм Гаши уште еднаш ја истакна потребата Скопје на Бугарија да ѝ одговори со унифициран национален став.

„Ако се сеќаваме на изјавите на Заев и Борисов при потпишувањето на Договорот за добрососедство, со какви убави зборови се обраќаа едни кон други. Треба да им се постави прашањето: Што ви се случи во текот на овие 3 години? Зошто ја раскинавте врската и се вративте на ригорозните позиции од ‘90-тите? Некој тука згреши. Не знам што се случи, но ако денес имаме„ закана дека Бугарија ќе го попречи процесот на интеграција на земјата, додека пред 3 години сакаше да биде промотор на интеграцијата на нашата земја во ЕУ, нешто се случило.“, изјави Гаши за АлсатМ.