Гаши: Немаме понуда за влез во Влада

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, соноќа во гостување на Алсат рече дека досега не фобиле понуда за разговор за влез во владата.



Гаши вели дека принципиелно е прво да разговара со Алијанса на Албанците со оглед на тоа што партијата е во коалиција со таа партија а досега соработуваше со ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако имаме заеднички точки, ако се усогласуваме, мислам дека ќе продолжиме да бидеме конзистентни во тоа што сме биле досега како конструктивна опозиција итн. 

Но, доколку не може да се договориме, дури тогаш може да видиме што се очекува од нас, кој е новиот контекст, во тој нов контекст каде може да се најде себеси Алтернатива и, се разбира, ќе треба оваа работа да ја дискутираме во нашите партиски органи.

Ние сме демократска партија со доста развиена демократија, ние не ги добиваме одлуките од еден човек или од некоја тесна група туку ја отвораме како дебата внатре, дискутираме долго, ги анализираме сите димензии и ја носиме таа одлука за која мислиме дека е во интерес на сите граѓани“, рече Гаши во емисијата 360 степени на Алсат.