Гаши на „бацирака“ кај Заев во Струмица!?

Независниот пратеник Скендер Реџепи-Зејд, кој се „отцепи“ од „Алтернатива“, на Фејсбук објави фотографија од средба помеѓу партискиот лидер Африм Гаши и поранешниот лидер на СДСМ и премиер Зоран Заев во Струмица.



Гаши: СДСМ не е партија достојна за партнерство

„Прашање за 1 милион евра? Што побара денес Африм Гаши од Зоран Заев и зошто мораше да оди дури до Струмица?“, праша Реџепи под фотката.

Тој порача дека активистите на Алтернатива – партијата која беше „исфрлена“ од владината коалиција – како и пошироката јавност, заслужуваат да ја знаат вистината за оваа средба.