Лидерите на трите опозициски партии во албанскиот политички блок, одржаа прес-конференција спроти парламентот на која побара од спикерот Талат Џафери на седницата, покрај уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот, да бидат поставени и уставни амандмани за бришење на одредницата – 20 проценти, која се однесува на употребата на јазикот, како и корупцијата кај функционерите да биде кривично дело кое не застарува.
Тие ги повикаа сите пратеници да гласаат итно и без одлагање за потребата од промена на Уставот и предложените амандмани и на тој начин, како што рекоа, докажуваат која е нашата стратешка определба.
„Доколку утре нема потребно мнозинство за да се изгласа првата фаза од уставните измени, повикуваме да се гласа за распуштање на Собранието и да се распишат предвремени избори со цел друг парламентарен состав, со војла на народот и нова политичка волја, да ги поведе интегративните процеси кон Европската Унија“, рекоа опозициските лидери.







