Гаши и Милевски добија незгодни јавни прашања за Бугарија и ЕУ

Лидерите на Либералната партија и Алтернатива добија незгодни јавни прашања поврзани со Бугарија, почетокот на преговорите со ЕУ и нивната поддршка на владата на СДСМ и ДУИ.



И Милевски и Гаши тврдат дека имаат инфомарации дека наскоро може да падне бугарското вето за преговори со ЕУ и дека затоа тие се во владата.

По вчерашната седница на бугарскиот совет за безбедност од која беа упатени нови радикални позиции на Софија екс пратеникот Илија Димовски ги прашува дали ги видоа пораките на Радев.

,,Да ги прашам моите колеги и пријатели Горан
Милевски и Африм Гаши

Дали ја видоа вчерашната средба на државниот врв во Бугарија?

Дали сеуште веруваат дека е возможно да има датум без радикални промени на македонскиот однос спрема Договорот со Бугарија?

Што бараат во Владата?”, ги прашува Димовски двајцата лидери на партии без чија поддршка владата на СДСМ и ДУИ би паднала за 24 часа.