Гаши: Чекаме понуда да бидеме дел од идната влада

Првиот човек на Алктернатива е оптимист дека ќе се формира нова влада и пред истекот на 20-те дена по доделувањето на мандатот, како и дека нивната коалиција со Алијансата за Албанците ќе биде дел од неа.



„ Ние сме тука и чекаме ако имаме понуда да бидеме дел од владата. Нормално ние би влегле и би преговарале ако ДУИ не успеат со премиерот, тогаш ние би ги почнале преговорите за нашата програма“, изјави вчера во „Само интервју“ на Канал 5 ТВ, претседателот на Алтернатива Африм Гаши..

Делот со бројките за создавање на владата е одговорност на мандатарот. Тоа е одговорност на тој што  победил изборите. Ние во овој дел не би можеле да помогнеме. Единствено што може да направиме е да ги понудиме нашите пратеници да гласат за Влада, за која мислиме и веруваме дека ќе биде во интерес на граѓаните, вели Гаши.

Битно, според него, е Албанците да имаа здрава опозиција, како што вели, или ДУИ или тие како коалиција.

„Затоа ние не можеме да бидеме дел од иста влада со ДУИ овој пат“, посочи Гаши.

Прашан дали може Алтернатива да се договори за влада без Алијанса за Албанците, Гаши рече дека тоа не може да се случи во никој случај.