Гаши: „Алтернатива нема моќ да ја принуди ЕУ да формира комисија за меѓународна истрага за политички сомнителните судски процеси“

„Во емисијата ‘Клик Плус’ на ТВ 21 претседателот на Алтернатива Африм Гаши рече дека неговата партија нема моќ да ја принуди Европската комисија да донесе странски експерти, туку само може да испрати барање. Тој додава дека е тенденциозно да се мисли, оти Алтернатива може да издејствува формирање Комисија за меѓународна истрага.“ – објави ТВ 21 во својата информација со наслов „Алтернатива нема моќ да донесе странски експерти? Влезе во Владата со ветување за разгледување четири судски процеси“.

На својот интернет-портал ТВ 21 објави некои од акцентите во емисијата „Клик Плус“: „ Од друга страна, лидерот на Алтернатива имаше изјавено дека е ‘ветување на Алтернатива’ дека ‘Владата ќе испрати официјално барање до Европската комисија, преку кое ќе побара независен експертски тим, што ќе спроведе меѓународна истрага за случаите, за кои има сомнежи за политичко влијание, како што се: ‘Монструм’, ‘Алфа’, ‘Диво Насеље’, ‘Малиот Алмир’ и други.’

„Ова е едно од начелата, кои Алтернатива ги изнесе како услов за влез во Владата.“

„Во ‘Клик 21’ Африм Гаши кажа: ‘Ако мислите дека ние имаме моќ да ја принудиме ЕУ, Европската комисија, Советот на Европа и сите други европски механизми да формираат таква комисија, тогаш е тенденциозно да се очекува вакво нешто од нас. Во првиот момент кога зборував за ова прашање имав лист во рака потпишан од Зоран Заев и од мене, Африм Гаши. Тогаш луѓето рекоа: ‘Ова е договорот. Но, како го читаат луѓето тоа, како сакаат да го толкуваат и како сте го протолкувале и вие, е навистина тенденциозно.“

„Меѓу другото, Гаши смета и дека правосудниот систем во земјава е политизиран, партизиран и етнизиран. Тој уверува дека за правосудството да се ослободи од вакви влијанија, со неговите владини партнери ќе изготват национална стратегија за владеење на правото.“