„Ужаснат сум: како може еден албански политичар да ги сака враќањето на Никола Груевски на бел коњ и теророт врз Албанците?“ – изјави лидерот на опозициската албанска партија Алтернатива Африм Гаши во емисијата „Клан дебата“ на ТВ Клан Македонија.
ТВ Клан Македонија ги објавува нагласките од настапот на Гаши во оваа емисија: Тој искажа убедување дека имало средба на албанските експоненти на власта со Никола Груевски во Будимпешта, за да се преговара со него, заради негово враќање на крајот од оваа година.
„Ужаснат сум. Како е можно некој Албанец доброволно да сака да го врати Груевски во Македонија? Како е можно Албанец да сака да го врати теророт врз Албанците? Како е можно албански политичар да сака да ги врати наместените процеси, како што се ‘Сопот’, ‘Монструм’…? Тие сакаат да го амнестираат Никола Груевски, сакаат да го вратат на бел коњ.“ – рече, меѓу другото Гаши.
Тој додаде дека со неодамнешните измени во Кривичниот законик власта му овозможила на поранешниот премиер Груевски да му застари некои обвиненија. Според Гаши, парламентарното мнозинство ги „шверцувало“ измените на Кривичниот законик со европското знаменце.
Запрашан дали Изет Меџити е поврзувачкиот мост на опозициската соработка, лидерот на Алтернатива Гаши одговори: „Го слушнавме гласот на народот. Желбата и волјата за соработка се заемни!“ Во „Клан дебата“ Гаши истакна дека опозициската соработка создадена меѓу Алтернатива, Беса и Демократското движење дојде како барање на граѓаните. Тројцата партиски лидери, според Гаши, го послушале гласот на народот, која ја барал оваа соработка.
„Никој од нас не сака да го преземе знамето. Не сакаме да покажуваме фаворизирање меѓу себе, туку сакаме да ја искажеме волјата на граѓаните, кои сакаат нас да не видат заедно и да бидеме здружени.“ – изнесе Африм Гаши во „Клан дебата“





