(…)



Бидејќи сме во позиција во која од нас зависи блиската иднина на државата, се договоривме да разговараме со Зоран Заев, премиерот во оставка, да го слушнеме неговиот концепт за нова влада, да разговараме како Алтернативата може да помогне“, вели во интервју за „Политика“ лидерот на опозициската партија, Африм Гаши.

Ние секако ќе се водиме од очекувањата на нашите гласачи, интересите на Албанците во Македонија, како и државните интереси кои се тесно поврзани со нашите партиски и национални цели. Ако во преговорите видиме дека г. Заев навистина има искрена желба да ја спаси државата од овој грч, ќе се обидеме да му помогнеме. Длабоко сме заинтересирани за продолжување на евроатлантскиот курс на земјата, за отворање на преговорите за членство во ЕУ, за решавање на спорот со Бугарија и за политичка и економска стабилност вели Гаши..„

„Ако СДСМ и ДУИ сакаат само четири пратенички гласови, а не сакаат нашите програмски определби да бидат ставени во владината програма и ако не се подготвени да воспостават рамнотежа меѓу политичките актери на власт, ние немаме посебен интерес да влеземе во таа влада. . Затоа, не можам да го прејудицирам исходот“ – вели лидерот на Алтернатива.

Тој вели дека комуникацијата со ВМРО-ДПМНЕ е на ниво на опозициски партии.

„Имавме договор за меѓусебна поддршка на локалните избори и нашата комуникација продолжува. Ќе имаме соработка со ВМРО-ДПМНЕ во повеќе општини меѓу кои и Скопје.

Бевме заинтересирани да ја урнеме оваа власт, што, за жал, не се случи, од веќе познати причини“, вели Гаши.