Гас за парно греење има до сабота или уште некој ден плус?

Според пресметките на регулаторите, гас за парно греење има за до сабота, но со помалата испорака на топлинска енергија од страна на БЕГ, можно е да се продолжи греењето уште некој период. Но, што потоа? Регулаторната комисија за енергетика ги повикува Владата, Градот и општините да најдат решение, претседателот на СДСМ Ковачевски го праќа БЕГ во Развојна банка да си земе кредит – пишува Слободен печат.



На прес-конференцијата на 31.12.2021 година, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски изјави дека гас за парно греење има уште за две недели. Ова би значело дека скопјани ќе се разбудат со студени радијатори во сабота. Но, ако се земе предвид дека БЕГ испорачува топлинска енергија, како што велат, оптимизирано, периодот на греење со количините гас што ги имаат, може да се продолжи, но не значително.

Клучното прашање е што потоа? Сите се препукуваат, но никој не нуди конкретно решение. Главната поента не е во набавката на гасот – тој може да се набави, туку кој ќе го плати. Затоа што само за еден месец, Регулаторната комисија остави „дупка“ од 9 милиони евра, која не ја пресмета во цената на греењето кон крајните потрошувачи, но која е факт, дека мора некој да ја плати, затоа што БЕГ како приватна компанија сигурно дека нема да им даде нешто на граѓаните без да си го наплати.

Целиот текст на следниот линк:

АЛАРМАНТНО: Количините на гасот за парно греење се тенчат, сите се препукуваат, никој не се фаќа за паричникот